Кому му следува регрес за годишен одмор (К-15) ?
Исплатата на регресот за годишен одмор воспоставена со Општиот Колективен Договор (ОКД) за приватниот сектор е задолжителна за сите компании и треба работодавачите да ја реализираат до крајот на годината.
Според податоците за движењето на нето/бруто плата по вработен, за ова година ќе се движи од 9.610 денари до 14.090 денари.
Регрес за годишен одмор (К-15) се исплаќа еднаш годишно под услов ако работникот работил најмалку 6 месеци непрекинато во ист работодавач.
Компаните имаат рок до 31/12/2019 за исплата на регрес (К-15), во спротивно следуваат казни до 4.000 евра во денарска противвредност.