Фабриките ќе работат во смени и за време на полициски час
Од Соопштението од Влада на РСМ од 23/03/2019: Производствените погони и фабрики го продолжуваат своето производство организирано во смени за време и на полицискиот час, а работниците во време на забраната ќе се движат со посебни дозволи за вршење на сменска и ноќна работа. Оваа одлука беше донесена на координативниот кризен штаб на Владата на Република Северна Македонија.При тоа е усвоена и содржината на дозволата и истата се задолжуваат да ја издаваат одговорните лица на компанијата.
Воедно, ги потсетуваме правните лица на законската обврска за пријава на ноќна работа. Имено, согласно член 127 од Законот за работните односи, работодавачот кој користи работници за ноќна работа во ноќна смена меѓу 22:00 часот и 6:00 часот, должен е да ја извести инспекцијата на трудот (Државен инспекторат за труд).
Прочитај деталното соопштение од Влада: