Измените од новиот предлог закон за Данокот на Личен Дохот
Министерство за финансии предложи нов Закон За Данок на Личен Дохот, кој треба да стапи во сила од 01.01.2019 година. Целта на предлог Законот, велат од Министерство за Финансии е да овозможи поправеден систем на оданочување на доходот на граѓаните.
Со новиот Закон Данок на Личен Дохот се воведуваат следниве измени:
- Поделба на доходот на две групи и тоа:
а.) Доход на труд (плати, пензии, договор на дело, доход од авторски права, доход од самостојна дејност), се воведува прогресивна метода за оданочување со примена на две стапки и тоа 10% на износ на бруто приход до 90.000 денари и 18% за делот од бруто приходод кој го надминува износот од 90.000 денари.
Пример: На месечна даночна основа од 130.000 денари, за 90.000 денари ќе се плаќа данок од 10 %, додека за разликата од 40.000 денари ќе се плаќа данок со стапка од 18%.
б.) Доход од капитал (закуп и подзакуп, дивиденти, капитални добивки и дугиот доход) останува да се применува пропорционална метода на оданочување, односно оданочување со една стапка независно од висината на доходот. Но истата се зголемува на 15%.
2. Ќе се оданочуват и приходите од: осигурување, капиталните добивки од продажба на движен имот и слично.
3. Се предлага оданочување на капиталните добивки од хартии од вредност и на каматите од орочени депозити со стапка од 15 % со одложена примена од 2020 година.
За подетални информации ве молиме да не контактирате