УЈП: ГРАЃАНИ- НАВРЕМЕ РЕГИСТРИРАЈТЕ СЕ НА СИСТЕМОТ Е-ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК Е-ПДД.
УЈП ги повикува сите физички лица кои во текот на 2018 година имаат остварено приход, вклучувајќи ги и оние што примиле само плата и пензија, електронски да се регистрираат во системот Е-персонален данок на Управата за јавни приходи до 31/12/2018 година.
Обврска за регистрација во системот е-пдд има секое физичко лице кое во текот на 2018 година, остварило приходи по било кој основ (плата, регрес за годишен одмор, приходи од закуп, од добивки од игри на среќа, од странство и други приходи кои подлежат на оданочување.
Регистрирајте се на е-пдд во неколку чекори !
Единствен услов за регистрација на системот е да имате валидна е-пошта, која ќе ви биде корисничко име (user name) и ќе ви служи за комуникација со УЈП.
Врз основа на внесените податоци, автоматски се генерира вашето барање за регистрација на системот е-пдд кое треба да го испечатите и да го поднесете во канцеларија на УЈП, при што службено лице на УЈП ќе ја верифицира вашата регистрација во системот на е-пдд.
НАПОМЕНА:
Граѓаните (физички лица) кои се веќе регистрирани во системот на е-пдд не треба да се регистрираат повторно.