Лиценцирано друштво за сметководствени услуги

Повеќе од сметководство. Партнер во вашиот развој

Со професионалност, прецизност и одговорност, нудиме сметководствени услуги и финансиско советување, градејќи долгорочни односи засновани на доверба.

Што добивате со нас

  • Личен сметководител за вашата фирма
  • Навремени пријави до УЈП
  • Месечни извештаи за работењето
  • Одговор истиот ден
30+
години искуство
100+
клиенти од различни дејности
8
членови на тимот
98%
клиенти што остануваат со нас

Вести

Најнови вести од сметководството

Важни промени во законите, даноците и роковите — накратко и јасно.

Услуги

Сè што му треба на вашиот бизнис, на едно место

Сметководство

Ние ги водиме книгите, вие се занимавате со бизнисот.

Го преземаме целото сметководство на вашата компанија, од книжењето на првата фактура до годишната сметка, секогаш во согласност со законите на Северна Македонија.

ПовеќеПомалку

Што е вклучено:

  • Водење на деловни книги (главна книга, дневник, аналитика на купувачи и добавувачи)
  • Книжење на влезни и излезни фактури, банкарски изводи и благајна
  • Евиденција на основни средства и пресметка на амортизација
  • Финансиски извештаи и годишна сметка, поднесени во Централниот регистар
  • Периодични извештаи, за во секое време да знаете како стои вашиот бизнис

За кого: ДОО, ДООЕЛ, трговци поединци, невладини организации и здруженија.

Што ни носите секој месец: фактури, банкарски изводи, извештаи од фискална каса и нови договори.

Даночно советување

Без непријатни изненадувања од УЈП.

Даноците не треба да бидат извор на стрес. Се грижиме секоја пријава да биде поднесена точно и навреме и ви помагаме да не платите повеќе отколку што бара законот.

ПовеќеПомалку

Што е вклучено:

  • Пресметка и поднесување на ДДВ пријави
  • Даночен биланс и пријава за данок на добивка
  • Даночно планирање и совети пред важни одлуки (инвестиции, купување возило, дивиденда)
  • Одговори на известувања и барања од УЈП
  • Застапување и поддршка при даночни контроли, како и при контроли од Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и др.

Пресметка на плати

Точна плата, навреме, секој месец.

Ги пресметуваме платите на вашите вработени и ги поднесуваме пријавите што одат со нив, за вие да не се занимавате со рокови и обрасци.

ПовеќеПомалку

Што е вклучено:

  • Месечна пресметка на бруто и нето плата
  • Подготовка и поднесување на МПИН пријави
  • Пресметка на придонеси (пензиско, здравствено, вработување) и персонален данок на доход
  • Платни листи за секој вработен
  • Пресметка на додатоци, годишен одмор, прекувремена работа и боледување
  • Потврди за плата (за кредит и други институции)

Е-ПДД

Вашата годишна пријава, без грешки.

Им помагаме на физичките лица и на оние што вршат самостојна дејност со пријавувањето на личните приходи.

ПовеќеПомалку

Што е вклучено:

  • Проверка и потврдување на годишната даночна пријава
  • Пријавување приходи од закуп, хонорари, авторски права и продажба на имот
  • Пресметка на данок за самостојни дејности (занаетчии, слободни професии)
  • Проверка дали имате право на поврат на данок

За кого: вработени со дополнителни приходи, закуподавачи, фриленсери, занаетчии и слободни професии.

Патни трошоци

Секое службено патување, документирано како што треба.

Ја подготвуваме документацијата за службените патувања, за трошоците да бидат законски признаени и да не создаваат проблеми при даночни контроли.

ПовеќеПомалку

Што е вклучено:

  • Подготовка на патни налози
  • Пресметка на дневници за патувања во земјата и странство, според законските износи за секоја држава
  • Пресметка на трошоци за превоз, сместување и гориво
  • Користење на приватно возило за службени потреби
  • Точно евидентирање на овие трошоци во сметководството

Административни услуги

Бирократијата оставете ја на нас.

Се грижиме за административните работи што ви одземаат време, како документите, регистрациите и комуникацијата со институциите.

ПовеќеПомалку

Што е вклучено:

  • Подготовка на фактури и понуди за вашите клиенти
  • Пријава и одјава на вработени во Агенцијата за вработување
  • Подготовка на договори за вработување и решенија
  • Архивирање на документацијата според законските рокови
  • Комуникација во ваше име со УЈП, Централниот регистар, фондовите и банките

Клиенти

Дел од нашите клиенти

  • Neptun Petrol
  • Bocata
  • Valdrini
  • Hoby
  • Normak
  • Buli
  • Anaconde
  • Mish
  • Metaleks
  • Alb Kom
  • Agrovali-Ti
  • Lato Gerüstbau
  • Putz Teknik
  • Radiator ASH
  • Starmilk
  • Tetnet
  • Vjosa

Побарајте бесплатна понуда

Пишете ни и ќе ви одговориме во рок од 24 часа.

Побарајте понуда